Исповед на жената на поранешен политичар: Маж ми физички и психички ме малтретираше!

12 октомври, 20110
women

Пред да влезе во брачните вода со Јаворка, Маријан Р. политичар (52 годишен) беше осум години во брак со Светлана Милошевиќ (32 годишна), која вели дека морала да се разведе од него, бидејќи постојано ја малтретирал! Првата сопруга на политичарот, побарала развод бидејќи помалку од една деценија додека живеела со него, трпела физичко и психичко малтретирање, но и затоа што не можеле да имаат деца.

– Се запознавме во 1998 година преку заеднички пријатели. После четири месеци решивме да се венчаме. Сè беше прекрасно до средината на следната година, кога тој се вклучи во политиката – ја започнува својата исповед Светлана, која продолжува да опишува низ што се не поминала во текот на нивниот заеднички живот:

– Со неговата политика започнаа сите мои проблеми. Семејството повеќе не му беше важно. Често пати беше отсутен од дома, на два или три месеци. Зборуваше дека има некои политички кампањи, иако знаев дека тоа не е вистина. Го видов неколку пати со други жени, а и моите пријатели ми кажуваа каде се го виделе. Не се осмелував ништо да му преречам, бидејќи знаев каков карактер има. Често пати “мртов“ пијан ќе се вратеше дома и ќе започнеше да ме тепа. Поради што по неколку дена имав по цело тело модринки, но не се осмелував на никому да му кажам – се присетува Светлана, која немала никаква поддршка од родителите на Маријан.

– Првата година се беше во ред. Но, одеднаш започна да им смета тоа што сум 20 години помлада од него. Едноставно, тие не сакаа да разговараат со мене. Ние живеевме на првиот кат од куќата, а тие на приземје. Како јас да не постоев. Се случуваше да ме видат претепана, расплачена, но никогаш ништо ми немаа речено. Тој немаше мерка кога ме тепаше. Во куќата мајка му диктираше што и како се работи – продолжува да раскажува Светлана со тага во очите, која без оглед на се, сакала да остане бремена и да формираат семејство.

– Навистина сакав да забременам, но сепак не ни успеваше. Неговите родители ме обвинуваа, но проблемот беше во Маријан. Неколку пати бевме во Белград на вештачко оплодување но, ништо не успеваше. Потоа отидовме во Словенија, но и таму не успеавме. Конечно, кога Маријан отиде на преглед, докторите ни рекоа дека проблемот бил кај него. Имал “заспани”, неподвижни сперматозоиди, а кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека пушеше три кутии на ден и внесуваше огромна количина на алкохол, шансите беа речиси минимални да останам бремена. Поради толку многу алкохол, претпоставувам дека станал импотентен, така што и покрај сите проблеми што ги имавме, не можевме да имаме ниту секс – продолжува Светлана.

Поради сето тоа, после осум години брак, одлучила да се разведе од политичарот.

– Еден ден ми дојде се преку глава. Ги зедов најосновните работи и побегнав кај своите родители. Сепак, многу бргу ме најде и на сила ме врати дома. Кога видов дека ништо не се промени, повторно избегав од него, но тогаш отидов таму каде што не можеше да ме пронајде. Ме бараше, беше кај моите родители, пријатели…. На крајот, пријави во полицијата дека сум исчезнала, па почнаа и тие да ме бараат. Кога дознав, отидов во полициска станица за да им речаме дека сум во ред, дека сум жива, но морав да објаснам зошто се кријам. Овде заврши нашата приказна. Во декември 2005 година поднесов барање за развод, а истото го направи и он во јануари. За време на граѓанската постапка го видов само неговиот адвокат – вели Светлана, која не била ни свесна дека тогаш ќе и започнат сите проблеми со Маријан.

– Како што се приближуваше денот за потпишување на документите за развод, така се зголемуваше притисокот….ми се се заканија да се откажам од имотот. Навистина не можам да кажам кои се не мерки ги користеа за да добијат се што сакаа. На крајот, потпишав дека се откажува од сè само за да добијам мир. Згора на се ми нареди да не се откажувам од неговото презиме, па морав да го послушам. За возврат, ми рече дека ќе ми помогне за се што ќе ми биде потребно. Но, никогаш не се јавив, бидејќи знам што можам да очекувам од него – рече Светлана.

Поранешната сопруга на Маријан, се потсети на едно интервју на нејзиниот поранешен сопруг, во кој тој изјавил дека има “питон“ во панталоните, што ја довело до солзи:

– Не можев да поверувам во она што го читам. Сакав да се јавам во редакцијата и да ја искоментирам неговата изјава – или јас бев слепа додека бевме во брак или во меѓувреме имал некакво “надоградување“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi