Исповед: Заведувам постари жени за пари

22 јули, 20110
article-1234779-078C6DE5000005DC-782_468x343

Милан П. (30 години) , веќе подолг период живее од “буџетот” на постари, често oмажени жени, иако за себе вели дека не е машка спонзоруша, само дека – едноставно ги сака парите.

Во Англија беше спроведено истражување, според кое повеќе од половина од мажите би се согласиле да се оженат само за пари, а овој тренд дојде и во Србија.

Најлошо чувство во животот е кога секојдневниот живот ви е едноличен, без перспектива и кога ќе сфатите дека единственото вредно нешто што можете да понудите е “една работа“ и кога со восхитување ве гледаат постарите жени, кои би сакале каков било маж да имаат покрај себе, по која било цена – раскажува Милан П.

Милан нема никакво образование, работни како чувар на градилишта и се уште живее со неговите родители. Во “сериозна” врска е со седум години постара жена, која има едно дете и “бивши сопруг “, стабилна работа со добра плата и сопствен стан. Не живеат заедно, но поголемиот дел од времето го поминува кај неа, затоа што тоа е единствениот начин да се биде “подалеку од мама и тато“.

Нема повеќе љубов

– Како дете ми предвидуваа успешна иднина, дури имав и талент за кошарка, но не сакав да одам на напорните тренинзи. Имав многу девојка и мислев дкеа целиот свет се врти околу мене. Годините поминуваа, а јас не размислував за колеџ, работев некоја ситна работат по еден или два месеци, но не сакав да работам за мали пари – ја продолжува својата животна приказна.

За неговиот сегашен начин на живот објаснува – “Јас не сакам да признаам дека сум машка сонзоруша, но некаде длабоко во себе знам дека е така” – но, виновни се и девојките.

– По извесен период, секое девојче на моја возраст, после еден или два состанока, престануваа да се јавуваат или отворено ќе ми речеа дека не сака да го губи своето време со недозреани деца, дека и е потребен сериозен маж со сериозни планови. Така што се најдов во средина, или да барам многу помлада девојка или да барам многу повозрасна жен. За овие првите немав доволно пари, а овие вторите имаа доволно пари за мене. Кој друг би сакал, некоја со повеќе од четириесет години и со детето. Во оваа возраст не постои љубов и двајцата знаеме на што се сведува нашата врска, но и двајцата молчиме за тоа. Нејзе не и пречи што немам некоја сјајна иднина, а мене не ми смета што е “малку“ постара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi