Колку пати сме чуле нешто од типот: Модата се враќа? Облеката од времето на баба, денес повторно станува тренди. Дали тоа нам ни се допаѓа или не, реалноста е поинаква и од тој круг нема излез. Новиот, а воедно и многу стар тренд да се носи јака во Петар Пан стил е повторно ин. Погледнете како тоа го носат ѕвездите и како овој старо-нов стил го внесуваат во сопствениот плакар.
Овај тренд беше многу редок сè до најновите модни колекции есен/зима 2011/2012. По неговото најавување од дизајнерите, на пазарот настана поплава од облека со вакви јаки. Овој тренд веќе има огромен број на обожаватели.
Порано овој стил го преферирале ѕвезди од типот на модните икони Алекса Чанг и Кери Мулиган, а сега Петар Пан стилот го преферираат сите од Хејли Стајнфелд, па до Мишел Вилијамс. Постојат бројни парчиња за комбинации за дневна варијанта, но оваа јака е дел и од гламурозните случувања и изборите на престижните списанија.
Петар Пан јаките се претставени во колекцијата есен/зима 2011/2012 на Џамбатиста Вали, DKNY, Луј Витон и некои други дизајнерски марки. Спектарот на дезени и видови е огромен и секој може да ја комбинира јаката по свој вкус.
Овој стил може да оддава впечаток на едноставност и да ја направи облеката да изгледа слатка и женствена, или пак, да биде гламурозен ако е украсен со циркони, бисери или скапоцени камења.