Австриските власти открија дека веќе неколку недели во нивната земја доаѓаат ловци на жаби од Италија. “Тие доаѓаат дури со автобуси“, критикувал Bernhard Gutleb, шеф на оделението за заштита на животната средина во покраината Корушка. Италијаните најмногу ловеле кафени жаби по должината на оградата која е поставена за заштита на жабите од автомобилите на патот. “Сега тие огради се омилено место за ловците на жаби“, изјавил Gutleb. Жабите се многу баран деликатес ширум светот, дури годишно една милијарда од нив се готват, а најголеми потрошувачи се италијаните, французите, белгијците и португалците. Околу 250 милиони тони жабји батаци јадат љубителите на овој специјалитет низ светот. Во Австрија жабите се заштитени видови на животни. Нивното собирање и ловење е забрането, потсетува Bernhard Gutleb и дека казната за ова дело е од 3650 евра.