Мерцедес А-класа се расипал при промоција во Шангај

20 април, 20110
aclas

Премиерата на Мерцедес А-класа била една од најочекуваните промоции на авто-саемот во Шангај. Но за време на претсавувањето на  концептот А-класа проследено со музичка точка од раперот David Banner се случила неочекувана работа која на германците ретко им се случува, автомобилот едноставно не сакал да запали па морал да биде туркан од беспрекорно дотераните директори до бината каде што требало да биде презентиран пред новинарите и репортерите.

Новата А-класа треба да се појави на пазарот следната година, а веќе се збори и за производство на AMG варијантата која ќе биде опремена со бензински мотор од 350КС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *