Итно променете ја вашата лозинка на Facebook!

11 мај, 20110
facebook

Експертите од Симантек предупредија 500 милиони корисници на Facebook дека оваа социјална мрежа случајно, на трета страна, го има отворено патот до пристапот на приватните податоци. Таа одредена “трета страна“ може да остава и пораки на вашиот ѕид.

Иако, се прават огромни напори за да се заштити приватноста на корисниците на социјалната мрежа Facebook, сепак, се чини дека направиле грешка. Се додава и дека пристапот до личните податоци на милиони луѓе ги имаат огласувачите, аналитичките мрежи и други лица кои го откриле споменатиот пропуст, за кој пишуваа многу странски медиуми.

Симантек ги повика корисниците на Facebook да ги променат своите лозинки, додека од Facebook изјавиле дека ја поправиле грешката што ги загрозува личните податоци на корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi