Избегнувајте сончање со влажна коса

popara11 август, 20111min00
mokra kosa

Во лето косата е многу почувствителна отколку во зима. Без оглед на вашиот тип коса, на море морате да ја миете секој ден. Додека сте на плажа, на врвовите нанесете регенератор или крема за сончање.

Пред да влезете во морето, намокрете ја косата со обична вода, а по секое капење повторно исплакнете ја со обична вода за да ја отстраните солта. Никогаш не излегувајте на сонце со мокра коса, бидејќи тогаш е многу повеќе подложна на сушење и пукање.

Во текот на летото користете производи со УВ заштита. Исто така, треба да ја заштитите косата со шешир, особено ако излегувате на сонце во попладневните часови.

Додека сте на плажа, правилната нега на косата е неопходна. По капење во базен, косата задолжително мора да ја исплакнете, особено ако е плава, бидејќи лесно може да позелени од хлорот.

За да го задржите сјајот, користете маска за коса. Може да ставате природни маски, а можете и сами да направите. Доволно е само малку труд за вашата коса после летото да изгледа здраво и негувано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag