Избричете ги главите ако сте со Хуго Чавез! Замина за Куба на хемотерапијата! гревота :(

22 август, 20110
ČAVES IDE PONOVO NA KUBU ZBOG HEMOTERAPIJE

КАРАКАС – Како што јавува венецуелската ТВ-станица, претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, од пратениците во Парламентот ќе бара одобрување да се врати во Куба за да ја прими третата хемотерапија. Барањето на Чавез се очекува пратениците да го разгледаат.

Чавез во својата колумна напишал дека се подготвува за нова партија на хемотерапија и дека сега косата сосема му паднала – пренесува агенцијата АП.

Чавез ја поздравил групата на млади од Доминиканската Република кои во знак на солидарност со него, ги избричиле главите. Според државните медиуми, шестмина Доминиканци пристигнале во Каракас за да се состанат со Чавез.

Неодамна, претседателот на Венецуела се вратил во државата откако завршил со примањето на втората хемотерапија во Куба. Чавез (57) им порачал на своите граѓани дека верува дека ќе ја добие битката против ракот.

Владата на Венецуела нема соопштено никакви детали за болеста на претседателот. Чавез е опериран во јуни, во Куба, кога му е отстранет тумор во пределот на карлицата. И покрај тешката операција, тој набргу продолжил да ги извршува претседателските должности, но со редуциран распоред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit