Израелската државна телевизија емитувала прилог за српската пејачка повикувајќи ја да одржи концерт во земјата.
Ѕвезда и злосторник!
Токму вака националната телевизија на Израел го најавил прилогот кој бил емитуван за Светлана Ражњатовиќ. Новинарот, додека во позадина оделе снимки од концерти на пејачката, слики, свадбата со Аркан и други настани, зборувал за српската пејачка, упатувајќи и на крајот покана да дојде во земјата и кај ѕидот на плачот да одржи концерт.