Каиро – еден патник во патничкиот авион кој летал на релација Шарм ел Шеик – Каиро, кој се наоѓал на надморска висина од 8000 метри, се обидел да ја отвори вратата од авионот, па да му се обрати на Бога и да му се пожали за својот лош живот.
Во патничкиот авион, во кого имало 144 патници, вклучувајќи го и екипажот, египетскиот државјанин, Ахмед Абдалах Сејид се обидел да ја отвори вратата, но во тоа успеале да го спречат неколку патници и обезбедувањето кое се наоѓало во авионот.
Откако го запреле, по слетувањето тој бил префрлен во полициската станица во Каиро.
Кога го прашале зошто сакал да го н аправи тоа, тој изјавил дека бил дипломиран економист, а пред недела дена ја загубил работата, па со авионот се враќал дома и бил разочаран.
Сепак, за време на летот тој доживеал нервен слом, па посакал да ја отвори вратата од авионот и да му се обрати на Бога бидејќи чувствувал дека бил многу блиску до него.