Екстремната диета на Адриана Лима

11 ноември, 20110
adriana-lima-desktop-backgrounds-5

Точно е дека голем број на манекенки имаат добри гени и можат да си дозволат понекогаш да јадат она што сакаат и сепак да изгледаат одлично. Сепак, кога доаѓа време за важните ревии, тие се подложуваат на ригорозни диети за да изгледаат совршено.

Просечните диети и начин на вежбање се далеку од доволни за супермоделите кои се дел од шоуто на познатиот бренд “Викторија Сикрет”, кој потроши десетици милиони долари за нивните “ангели” да се прошетаат на модната писта во скапа долна облека и совршени тела. Една од ангелите на Викторија, супермоделот Адријана Лима  ја откри својата тајна за екстремната диета која ја држи сеој пат пред некоја голема ревија.

Бразилската манекенка почнува со секојдневни тренинзи три месеци пред големата ревија. Во последните три недели пред ревијата таа вежба по два пати на ден. Таа исто така посетува нутриционист кој и помага да ја имери муслукната маса, и дава витамини и протеински шејкови за енергија. Лима пие по четири литри вода на ден за да го „исчисти“ нејзиното тело.

Девет дена пред големото шоу Лима не консумираа апсолутно никаква цврста храна, туку само четири литри вода и протеински шејкови и јајца во прав. Два дена пред шоуто таа пие нормална количина на вода (осум чаши). Дванаесет часа пред шоуто таа не конзумира никаква храна ниту течности. Со тоа губи дополнителни два килограми, за кои вели дека понекогаш се клучни за совршено тело.

Лима за себе вели дека е како професионален спортист. Таа се подложува на ваква екстремна диета за да се прикаже себеси и гардеробата во најдобро светло. Манекенката вели дека досега немала посериозни проблеми, иако била гладна и жедна. Вели дека е подготвена на се за да изгледа беспрекорно, бидејќи тоа е нејзина работна обвска.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi