Чевли од рибина кожа за “само” 700 евра!!!

11 ноември, 20110
news_8269

Доколку сте љубител на интересни и по малку чудни чевли, чевлите од рибина кожа од колекцијата на Маноло Бланик се вистински избор за вас. За нив ќе треба да издвоите „скромни“ 700 евра за еден пар.

Познатиот бренд за чевли Маноло Бланик се прослави со серијата “Сексот и Градот”,  а денеска е дел од гардеробата на многу познати личности. Но, зар некој ќе плати 700 евра за еден пар штикли од рибина кожа?

Станува збор за чевли кои шпански дизајнер ги нарече “Еко-чевли”. Тие се направени од одржливи материјали, вклучувајќи кожа од риба и плута. Колекцијата “Еко-чевли” е дел од соработката на Маноло Бланик со американскиот дизајнер Марша Патмос.

Станува збор за кожа од рибата талапиа, која потекнува од Африка но е најодгледувана во САД. Претставниците на познатиот бренд велат дека се одлучиле да ја користат кожата од оваа риба како нус-производ на прехранбената индустрија кои инаку би биле фрлен. За кожата од талапиа тие велат деа е навистина убав материјал, совршен за производство на чевли.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *