Мароканката Захија Дехар, малолетна проститутка со која “играше” половина француска репрезентација, вклучувајќи ги и Франк Рибери и Карим Бензема, одлучила со своите вештини да заработи на подобар начин.
После скандалот со француските фудбалери на 19-годишната Захија и се отвориле вратите во шоу бизнисот. Таа неодамна снимила секси едиторијал за италијанскиот магазин Vanity Fair, а на страниците на магазинот се појавила во прегратка на познатиот американски актер Ерик Робертс, брат на уште повеќе познатата актерка Џулија Робертс. Фотографиите биле потпишани од страна на Аликс Малк каде младата Захија успешно ги истакнала своите физички атрибути.
Претходно Захија се појавила и на насловната страна на модниот магазин V, но станала и еден вид на интернет ѕвезда благодарение на серијата на реклами за секси долна облека, кои на YouTube, привлекле големо внимание. Захија максимално ја користи својата прерано стекната популарност, како што самата признала, светот на шоу-бизнисот за неа не бил “ништо” во споредба со стариот занает кој го започнала на свои 16 години.
Во прегратките на убавата плавокоса паднале и француските играчи Франк Рибери, Сидни Гову, Карим Бензема и Хатем Бен Арфа, предизвикувајќи голем медиумски скандал во Франција, но и пошироко. Само еден играч на Баерн признал користење на нејзините услуги, кој напоменал дека не знаел дека девојката е малолетна.
Остатокот од “Галските петли” негирале каква била поврзаност со убавата девојка. 28-годишниот Франк Рибери наводно, платил околу 2000 € за една ноќ со убавата мароканка.
– Јас му бев подарок за 26-тиот роденден – изјавила Захија Дехар.