Ја тужи агенцијата за посредување на парови, бидејќи му испраѓала грди девојки! :)

popara22 ноември, 20111min00
kine

Еден кинез одлучил да ја тужи агенцијата која посредува за парови и брак, бидејќи како потенцијални невести му испраќале грди девојки.

Ли Зинг 27 годишен кинез, изјавил во судот дека  агенцијата постојано му испраѓала грди девојки и ја обвинил дека сликите на девојките на сајтот на агенцијата немале врска со оние во реалноста. Девојките на состаноците едвај ги препознавал.

Кинезот ги бара своите 130 долари кои ги дал за посредување на агенцијата, но и дополнителни 790 долари поради незадоволството од услугите.

Претставниците од агенцијата од провинцијата Хубеи на судењето изјавиле дека на Зинг му ги испраѓале оние девојки кои мислеле дека највеќе му одговараат.

„Ни тој не е некоја филмска ѕвезда, се уште се обидуваме да му најдеме соодветна невеста“, изјавил еден од претставниците од агенцијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma