Кори Њумен (28) обожава да решава крстозбори, па некако сосема природно било да од уредниците на Вашингтон пост побара да во своето викенд издание објават посебен крстозбор, чие решавање ќе ја добие реченицата “Марлоу Епстин сакаш ли да се омажиш ссо мене?“
“Сакав да го направам тоа на еден посебен начин. Денот кога излегол весникот, тој морал рано сабајле да оди и да го купи, а потоа заедно го решавале крстозборот“, раскажал тој. Штом Марлоу ја решила и прочитала реченицата која се криела во крстозборот, Кори клекнал и пред неа ставил дијамантски прстен. Девојката одговорила “да“ на својот вереник, и подоцна изјавила дека била прекрасно изненадена.