Многу жени избегнуваат да го употребуваат оцетот како процедура за разубавување на косата, а причината е широко рапространетото мислење дека оцетот остава силен мирис на кисело. За да се разубедите направете еден мал експеримент. Нанесете оцет на прамен од косата и оставете го да се исуши. Сами ќе се уверите дека на косата не останало ни траг од мирисот на оцет.
Јаболковиот оцет се препорачува за оштетена коса, сува, со разцветани врвови, без сјај и волумен.
За подготовка на оцетен разтвор треба да се придржувате на следнива пропорција: на 300 мл вода, но не топла додадете 100 мл јаболков оцет. Внимавајте! Оцетот има особина да ја суши кожата на главата односно скалпот и да доведе до образување на првут, па за да го избегнете ова не нанесувајте од растворот на коренот од косата туку само по должината на косата. Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со оцетниот раствор и оставете ја така да се исуши, не се измива косата после процедурата.