Јадете кајсии и губете килограми

popara1 јули, 20111min00
kajsii

Додека држите диета добро е да јадете кајсии препорачуваат докторите. Но постои и диета со кајсии со која може да изгубите дури три килограми за една недела.

Сите љубители на кајсии кои сакаат да ослабат ќе можат да уживаат во нивниот вкус и истовремено да ги губат вишокот килограми. Диетата со кајсии може да се држи најмногу три дена. Кајсиите содржат и голема количина витамин А кој е добар за косата, зајакнување на ноктите и регенерација на кожата.

За оваа диета неопходно е да спремите едноставен оброк: исцедете половина килограм од ова овошје и добиениот сок измешајте го со 300 грама ситно сецкани суви кајсии. Кашата која ја добивте треба да ја изедете во текот на еден ден. Сокот од кајсии мора да е свежо цеден и не смеете да користите индустриски сок бидејќи содржи многу шеќер.

Од кајсиите што ќе ви останат можете да направите корисна маска за лице и раце. За неколку денови со оваа диета може да ослабнете три килограми.

И сушените кајсии се здрави
Сушените кајсии го освежуваат здивот, имаат лаксативни својства и се добри против воспаленија. Помагаат при висок притисок и кај заболувањата на црниот дроб. Но, сушените кајсии содржат многу шеќер и не се препорачливи за дијабетичари. Исто така, треба да се внимава да не се прејадете кајсии бидејќи може да дојде до алергии, пореметувања на варењето и други непријатности.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag