Снимката на Чарли Чаплин без успех на аукција во Лондон

1 јули, 20110
Charlie-Chaplin-classic-movies-5405209-1024-768

Снимката на Чарли Чаплин не е продадена на аукција во Лондон и покрај очекувањата дека може да достигне сума од шест цифри, пренесува Ројтерс.

Филмската снимка е проценета на 160.000 долари (100.000 фунти) на аукција во Бонамс, но веројатно била превисока.

Филмот, за кој се верува дека бил пропаганден материјал снимен во Британија за време на Првата светска војна, пронајден е во стара кутија која ја купил колекционерот Морас Рарк, за само 3 фунти на сајтот eBay.

На седум минутниот филм се гледа Чаплин како се бори со германски авион, во една од најраните анимации во историјата на филмот.

Чаплин веројатно и никогаш не знаел дека постои овој филм. Експертите се сомневаат дека непознатиот режисер филмот го составил од три предходни филмови на Чаплин, ги искомбинирал со анимација и други специјални ефекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *