Моделот што ви го прикажуваме е “Jaguar XK 120, од 1953 година, совршено сочувана верзија како на каросеријата така и на неговите оргинални делови. После неговата реставрација и прекрасниот склоп на сите компоненти овој автомобил го прави вистинско ремек дело.
“Britisch Racing Green” бојата во комбинација со мохер мекиот кров и беспрекорниот кожен ентериер едноставно го прави неодолив за љубителите на ваков тип на автомобили.
Jaguar XK 120 Drop Head Coupé е еден од најпосакуваните автомобили на XK 120 серијата.
Да потсетиме дека првиот модел од серијата “XK 120” е произведен во 1948 година и бил вистинска сензација во тоа време. Бројот 120 го има добиено по максималната брзина која можел да ја достигне овој автомобил во тоа време.