Јапонец направил детектор на зрачење од пластични шишиња

popara16 август, 20111min00
пет

Јапонскиот научник Хидехито Накамура од универзитетот во Кјото, измислил ефтин и едноставен детектор на зрачење. Тој од стара пластична амбалажа открил нов материјал кој реагира на зрачење.

Поради зголемената побарувачка за детектори по земјотресот и цунамито во март годинава, јапонскиот научник направил нови и едноставни детектори на зрачење од рециклирана пластична амбалажа, известува Ројтерс.

Хидехито Накамура во соработка со компанијата Теијин направил детектор кој ќе изнесува само 130 долари што претставува една десетина од цената на останатите детектори, а како готов производ на пазарот треба да се појави на крајот од септември.

Новиот материјал кој открил Накамура се вика Синтирекс (Scintirex). Синтирекс е пластична смола која се добива со рециклирање на пластика и доколку биде изложена на радијација свети со флуросцентна боја. Смолата делува како како сензор во детекторите на зрачење и овозможува таа да се измери.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag