Јасер Арафат лидерот на Палестина, кој почина во 2004 година бил отруен со талиум. Најновите истражувања покажале дека Арафат добил смртоносна доза ставена во вода или храна, обелоденил Басам Абу Шариф, поранешен советник на починатиот палестински челник. Шариф посочил дека таквиот заклучок произлегол од новиот извештај на форензичари од Велика Британија, што фрлало сомнеж на Израел, пренесуваат агенциите. Инаку, Јасер Арафат умре во болница во близина на Париз на 11 ноември 2004 година.
Извор: Нетпрес