Робин Лин Фајфер (47) од Мичиген тврди дека во шумата која се наоѓа во близина на нејзината куќа носела храна за фамилија од десет снежни луѓе.
Сето ова, наводно се случувало пред две години.
„Секој ден јадеа риба, им носев и полна кошница овошје и сува храна“, изјавила Фајфер. Таа додала дека омилен оброк на Јети била и питата од боровинки.
Жената тврди дека голем број докази собрала за постоењето на снежните луѓе и дека тие се премногу срамежливи и уплашени за да ги фотографира. Наводно, се обидела, но секој пат бегале кон шумата.
Робин изјавила дека Јети бил висок скоро три метри и дека личи на човек, само што по целото телео има крзно.
„Најголемиот Јети кој сум го видела беше повисок од три метри. Главната женка во семејството имаше црно крзно, додека другите беа во крем или бели крзна“, изјавила Робин.