Лејди Гага испеала еден свој хит во стилот на Мерлин Монро на еден концерт во Холивуд Боул, по повод 10 годишнината од основањето на фондацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон кој се залага за подобрување на здравјето, заштитата на децата, зајакнување на светската економија и заштита на природната средина.
Имитирајќи ја холивудската дива која во 1962 година со песна му посака среќен роденден на тогашниот претседател Џон Кенеди, поп пејачката минатата ноќ, со сина перика на главата, му испеала на Бил Клинтон еден од нејзините познати хитови “Bad Romancе”, која ја преименувала во “Bill Romance.”
http://www.youtube.com/watch?v=TWUOmiNwWX0&feature=player_embedded
“Зарем не е прекрасно да имаш 65 години, и да ви пее Лејди Гага, а меѓу гостите да биде присутен државниот секретар”, изјавил Клинтон, кој на церемонијата пристигнал со неговата сопруга Хилари Клинтон и ќерката Челзи.
Меѓу ѕвездите кои настапиле покрај Лејди Гага, биле Стиви Вондер, Ашер, Боно и др.
Билетите за концертот чинеле помеѓу 50 и $ 550.