Врвниот бренд за луксузни чевли Jimmy Choo кој беше на продажба околу една година, е купен од страна на Libelux луксузна група која откупува брендови како што се Bally, Derek Lam и Solange Azagury-Patridge.
Во изјавата на компанијата стои дека тие го откупиле брендот за 850 милиони долари. Основачот и сопственик на брендот Jimmy Choo пред десет години продал дел од уделот и се обидел да искористи од оваа продажба, но со фактот дека тој не бил во добри односи со Tamara Mellon, сопственичката на Libelux, (најмногу заради нејзиниото континуирано ширење на брендот ) не е ни чудно што не успеал во обидот да извлече корист од оваа продажба.