Јована и Жељко ќе прават свадба на есен

27 март, 20110
1
После еден месец одвоен живот, Жељко Јоксимовиќ и Јована Јанковиќ, најактуелниот српски пар изминативе недели, одлучиле уште еднаш да започнат заеднички живот и да продолжат со подготовките за свадба, што ќе се случи на есен, изјавил за “Ало“ извор близок на парот, пренесува НетПрес.
“Жељко и Јована во неговиот стан се гледаа повеќе пати. Прв пат се видоа откако во јавноста почна да се зборува дека Јована се гледа со Александар Ѓорѓевиќ, и уште тогаш ги направиле првите чекори за смирување. Долго разговарале за се’ и одлучиле на љубовта да и дадат уште една шанса“, изјавил изворот на “Ало“ и додал дека Јована повторно се преселила кај Жељко.
“Јована дел од нејзините работи ги врати во станот на Жељко веќе на вториот состанок. Тој отпатува за викендов во Швајцарија каде ќе има настап, така да Јована за тоа време ќе се распакува. Тие разговарале и за продолжување на подготовките за свадбата која ќе биде наесен. За тоа нема да зборуваат во јавноста, бидејќи овој пат одлучија својата љубов да ја тргнат  настрана од очите на јавноста“, изјавил соговорникот и додал дека парот одлучил приказната за неверството на Јована повеќе да не го споменуваат.
Како што дознава “Ало“, атрактивната водителка одлучила смирувањето да го “официјализира“ на тој начин што ќе го врати на рака својот скапоцен веренички прстен.
Колку за потсетување, Јанковиќ по раскинувањето го извади вереничкиот прстен од својата рака и не му го врати на Жељко.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi