Јужнокорејски маринец во база недалеку од Северна Кореја убил тројца свои колеги, изјавил портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана, додавајќи дека инцидентот не бил поврзан со судирите меѓу двете Кореи.
“Инцидентот се случил во базата на островот на јужнокорејското западно крајбрежје, во подрачјето во кое во ноември лани дојде до судири помеѓу војската на Северна и Јужна Кореја“, изјавил портпаролот, додавајќи дека тројца војници се убиени и двајца се ранети.
Тој истакнал дека осомничениот војник бил уапсен веднаш и дека моментно се водела истрага.
Засега се уште не било јасно кои биле неговите мотиви за нападот.
Извор: Нетпресс