Каде грешат жените во сексот?

popara1 октомври, 20111min00
seks

Мажот не е вибратор кој може да го вклучите кога ќе посакате.

Сметате дека тој е “секогаш спремен” за секс

Ова може и да е точно за тинејџерите, но сосема е незадолжително за мажите. Стресот од работата, сметките, секојдневието и уште редица други фактори имаат силно изразен ефект врз либидито на мажот. Мажот не е вибратор кој може да го вклучите кога ќе посакате. Тоа не значи дека повеќе не ве посакува, едноставно понекогаш не е расположен за секс.

Сметате дека сексот завршил тогаш кога тој ќе сврши

Дајте му да разбере, дека вие се уште не сте готова, и помогнете му да најде начин и да си ја “заврши” работата, со помош на  уста, раце и друго.

Се срамите од сопственото тело

Бројките на вагата не се онакви какви што сакате. Затоа и избегнувате секс, мислејќи дека вашето тело нема да му се допадне. Или пак ве тревожат спуштените гради после раѓање? Што и да е тоа што ве вознемирува во однос на вашето тело, не му обрнувајте толкаво внимание, бидејќи ако тој сака да има секс со вас, значи ве смета за секси.

Не му помагате да ве задоволи

Да биде задоволена една жена воопшто не е лесна работа. Затоа помогнете му , дајте му насоки – кога, каде, како, колку брзо и т.н. Ако сте многу страмежлива да му го кажете на глас, измислете друг начин да го насочите. Незаборавајте дека комуникацијата е секогаш важна, а во сексот е од пресудно значење.

Реагирате остро на предлозите за нешто ново

Нема ништо лошо во тоа да се експериментираат нови нешта во сексот. Тоа не е грев. Исто така фактот дека ви предложил да пробате нешто ново, не значи дека ги критикува вашите љубовни способности. Тоа е просто еден обид за разнообразие, а најдоброто од сето ова, е што сака да го проба тоа со вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma