Праисториските пештерски цртежи се дела на деца?! Неверојатно! :)

1 октомври, 20110
crtezi

Праисториските цртежи откриени во една пештера во Руфинак, југозападна Франција, направени се од деца, заклучиле група истражувачи од Универзитетот Кембриџ.

Користејќи посебна метода на идентификација, британските научници откриле дека некои од вдлабнатините се направени со влечење на прсти по меката површина на ѕидовите на пештерата. Мамутите во оваа пештера се нацртани од деца, изјавиле истражувачите.

Експертите додале дека во оваа форма на уметнички израз, особено била талентирано едно пет годишно девојче.

„Детските резби се појавуваат насекаде во пештерата“, изјавила за BBC археологот Џесика Куни, која го водела истражувањето. „Пронајдовме траги кои ги оставале деца, не постари од 3 до 7 години, а со помош на нивните отисоци, успеавме да идентификуваме четри деца“, кажала Куни.

„Најмногу траги има оставено едно петгодишно дете, за кое сме сигурни дека било девојче“, изјавил археологот. Секоја година илјадници луѓе ги посетуваат пештерите во Дордоња за да ги видат цртежите на мамути, носорози, коњи, оставени на ѕидовите. Конкретно оваа пештера е откриена во 16 век, но дури во 1956 година експертите сфатиле дека некои цртежи се дело на праисториски луѓе.

Археолозите во 2006 година, прв пат откриле дека некои резби и цртежи се направени од деца. Траги од прсти може исто така да се видат на ѕидовите во пештерите во Шпанија, Нова Гвинеја и Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi