Како да бидете совршена во кревет?

14 јули, 20110
kako da bidete sovrsena vo krevet

Секој може да одличен во секс. Но таа титула мора да се заработи, и тоа со учење и вежбање. Кога еднаш ќе ги научите лекциите, никој веќе нема да ви биде рамен.

Заблуда е дека добриот сексуален живот доаѓа сам по себе. Ако навистина сакате да имате и уживате во квалитетен секс, ќе мора и малку да се потрудите. Врвниот секс е резулатат на меѓусебното познавање, доверба и хемиска компатибилност.

Човекот учи додека е жив, а тоа се однесува и на сексуалниот живот. Жените честопати се повлекуваат бидејќи сметаат дека не се добри љубовници. Тоа е погрешен пристап бидејќи во животот се може да се научи. Како да се пробразите во врвна љубовница?

Фантазирајте и планирајте

Во човечкиот живот се тргнува од главата. Проверето какви ви се размислувањата за сексот, за вас самите, но и за вашиот партнер. Откако сами на себе ќе си разјасните некои работи, допуштете си да фантазирате. Фантазијата е најдобра предигра, а вашето сексуално располоение ќе го зарази и партнерот.

Спонатаноста е добра работа, но кога нешто ќе се случи откако било планирано, може да биде многу интензивно. Со други зборови, вложете напор и испланирајте го сексуалното дружење. Со партнерот поделете ги своите најдлабоки желби, бидете јасни и конкретни. Ќе ве изненади реакцијата бидејќи мажите сакаат отвореност и директност. Не брзајте и дајте си онолкувреме колку што ви е потребно.

Истражувајте се меѓусебно

Сакате незаборавни оргазми? Ако одговорот е да, прво треба добро да го запознаете своето тело, па патоа и телото на партнерот. Откријте во што најмногу уживате вие, а во што вашиот партнер. Набљудувајте што кај вас, а што кај него предизвикува најмногу воздишки. Експериментирајте и научете како вазаемно да се доведете до задоволства кои и двајцата ќе ги паметите. Неколку вакви лекции ќе резултираат во совршен секс бидејќи точно ќе знаете каде да се допирате.

Препуштете му се на сетилото за допир

Допирите се магични, а сетилото за допир предизвикува најинтензивни реакции на телото. Кога ќе се впуштите во нежност со својот партнер, не преминувајте веднаш на гениталиите. Тоа не единственото подрачје од телото кое го возбудува. Напротив! Гениталиите оставете ги за крај, а пред тоа со нежни допири нагадете го целото негово тело. Задржете се на местата кои го тераат најдлабоко да воздивнува.

Бакнежи

Сензуалните допири можат да ги надминат само сензуалните бакнежи. Научно е докажано дека бакнежите го подобруваат здравјето. Не треба да се нагласува дека бакнежите ќе допринесат да се чувствувате поблиски и поповрзани. Бакнежите можат да бидат страстни и интензивни, но можат да бидат и нежни и возбудливи. Не занемарувате ги ни едните ни другите. Всушност, најдобро е да комбинирате. На тој начин ќе ги излудите партнерот. Откријте кои бакнежи најмногу ги сака, па со нив наградувајте го.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *