Тој или таа си замина…Срцето ви е скршено…Тешко е да се „залепи“ скршеното срце, но не е невозможно!
Што и да се каже или направи, најдобриот лек за скршеното срце е времето. Но еве како да го убрзаме процесот и болката пократко да трае.
Разговарајте за вашите чувства, може и треба да разговарате со семејството или со пријателите. Ова е важно и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Подршката од најблиските ќе ви помогне да преминете низ ова многу побрзо.
Мислете за себе си. Треба да ја преживеете разделбата колку можете побрзо за да можете да продолжите напред и да живеете повторно полноцено. Запомнете дека најважниот човек во вашиот живот сте вие.
Кога ви е тешко, плачете ако ви се плаче. Не срамете се, солзите се дел од животот и со нив си оди и болката.
Правете ги вашите омилени нешта. Не откажувајте се од она што предходно ве правело среќни или пак ако немате некое хоби, ова е времето да си најдете.
Секогаш бидете ангажирани со нешто. Обидете се постојано да си наоѓате некоја работа, што ќе ви ги одалечува мислите од бившиот и причините за разделбата.
Обидете се да не зборувате постојано за разделбата и да ги анализирате нештата од минатото. Освен што ова ве враќа во првобитната положба, туку и ќе им здосади на луѓето околу вас и ќе започнат да ве избегнуваат.
Дајте си време. Лекувањето на скршеното срце нема да трае еден ден. Тоа е процес за кој е потребно време.
Нема ништо страшно во тоа да преживеете разделба. Разделбите се дел од животот и ни носат неверојатно искуство. А и да не заборавиме дека после секоја разделба следува нова врска!