Летните горештини можат да бидат погубни за кожата на вашето лице, затоа бидете подготвени на време. Еве на што треба да обрнете внимание:
Пијте доволно вода
Внесувајте течности, пред сè вода, со цел вашиот организам да ги создаде потребните залихи кои ќе и бидат потребни на кожата кога сонцето ќе “пече“.
Редовно чистете ја кожата
Исчистете ја кожата од шминката пред да одите на спиење, а доколку не користите шминка, мијте го лицето неколку пати во денот. Употребувајте бели сапуни, без дополнителни мириси, а најдобри се оние на база на билки.
Еднаш неделно пилинг
Еднаш во седум дена направете пилинг на лицето – со готов препарат, или направете го сами од пченично брашно и пена за миење.
Одберете соодветен крем за лице
Посоветувајте се со дерматолог кој крем е најдобар за вашата кожа. Можеби ќе ви рече дека за време на летото, за вас е најдобар крем само со заштитен фактор. Не купувајте сами препарати за нега на кожата – тие се скапи, а само малку од нив се ефикасни.