Како да го задржите за себе, а повозрасен е од Вас:)

popara13 октомври, 20111min00
maz

Жените отсекогаш привлекувале мажи кои се постари од нив, без разлика дали тој феномен е поврзан за фактот дека жените созреваат пред мажите или во врската постои одредена сигурност кога мажот е постар.

Исто како и верзијата кога жената е постара од мажот и во ова сценарио постојат одредени правила за кои, како што велат експертите, треба да се придржувате. Еве неколку најважни правила:

-Нема потреба да спомнувате некои работи кои се одвивале во минатото и кои само повеќе да ја истакнат разликата во годините. Избегавајте коментари од типот: “Имав десет години кога ти си дипломирал.“ Со тоа партнерот може да сфати дека сте несигурни поради тоа што тој е постар, иако вие воопшто не сакате да предизвикате таква реакција.

-Да разјасниме нешто еднаш засекогаш – тој не е и никогаш нема да биде ваш татко. Иако сте помалди, би требало да бидете независни и не барајте партнер кој ќе се гружи за вас. И за ова погрижете се да му го дадете до знаење. Покрај тоа, дадете му до знаење дека сакате да да се однесува со вас рамноправно, а не да ве контролира. Ако партнерот тоа неможе да го сфати – време е да го напуштите.

-Пожелно е да се стремите кон заеднички цели. Ако вие сакате деца, а тој веќе има со поранешната сопруга и не му паѓа на памет да поминува низ таа фаза уште еднаш во животот – вашата врска нема иднина. Ако сакате сериозна врска вашиот партнер би требало да го сака истото што и вие.

-Многу веројатно се впуштил со вас во врска поради тоа што кај вас му се допаднало и затоа нема потреба сега да се менувате. Ако постојано се обидувате да живеете според неговите очекувања и се менувате поради него, вашата врска, за жал е осудена на пропаст.

-Сите ние растеме со времето, за каков однос и да се работи. Ни во врската за која сега зборуваме не би требало да биде поразлично. Вшиот партнер веројатно веќе поминал низ некои фази во животот, кои се допрва пред вас, но сеедно вие мора да поминете низ некои ситуации и тој би требало тоа да го разбере. Додека постои комуникација и разбирање од свете страни, се би требало да биде во ред.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag