popara13 октомври, 20111min00
0

Во 2013 Scion FR-S може да биде нов спортски прилог на брендот на Toyota ориентиран спрема младите. FR-S се карактеризира со фронтален мотор, со погон на задните тркала. Ако оди во производство, ова ќе биде прв Тојота автомобил со погон на задните тркала по моделот Supra.

Се уште е рано да се зборува за конечен модел за производство. Информациите кои се дадени се врз основа на Scion FR-S концепт прикажан во 2011 на саемот на автомобили во Њујорк. FR-S концептот е еволуција на претходниот Тојота ФТ-86 концепт. Scion е придвижуван од 2,0-литарски хоризонтален “боксер”, 4-цилиндричен мотор со 6-брзински мануелен или 6-брзински автоматски менувач.

Безбедносните карактеристики, најверојатно, ќе вклучуваат: ABS, контрола на влечење, систем против пролизгување, предни воздушни перничиња и странични воздушни завеси. Се очекуваат и функции како систем за навигација, кожен тапацир, и греење на седишта. Scion FR-S сеуште не е достапен за тестирање, ова се само првични информации за карактеристиките на возилото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag