Како да иницирате секс??? Сигурно не со скрстени раце :)))

16 ноември, 20110
iniciraj seks

Сексот го подобрува вашето здравје, го намалува стресот и ја зајакнува врската помеѓу партнерите. Сепак, кога станува збор за иницирање на секс, најчесто се во прашање мажите. Повеќето жени сметаат дека е многу тешко да се побара секс од нивните партнери. Па, како да превземете иницијатива кога е тоа потребно?

Напишете му: Понекогаш за жените е тешко да му кажат на партнерот дека сакаат секс. Затоа напишете мѕ го тоа на ливче и ставете го во неговото палто. Верувајте, тој цел ден ќе мисли на вас сите вас и едвај ќе чека да си дојде од работа. Доколку ви текне на секс а не сте заедно, испратете му СМС порака на која тој нема да може да одолее.

Направете код за секс: Можете да измислите код што ќе значи дека сте многу заинтересирани за секс. Тоа може да биде „ми треба помош во бањата“, или пак „дојди да го поправиш телевизорот“, што ќе го натера вашиот сопруг да дотрча во кревет.

Не го ингонорирајте расположението: Не дозволувајте вашиот сексуален рутински аларм да зависи од вашиот партнер. И вие исто така имате потреба за секс, па не ја игнорирајте. Кога ќе бидете расположени за секс, најдете начин да му го соопштите тоа на партнерот.

Заеднички испробајте нешто ново: Обидете се да искусите нешто ново како двојка. Без разлика дали станува збор за некој нов спорт или пак некој курс, обидете се да поминувате повеќе време заедно надвор од секојдневната рутина. Откако ќе искусите нова авантура, ќе имате нова енергија за водење љубов.

Биде дарежливи со комплименти: Како што минува времето, се помалку и помалку парови се фалат еден со друг. Вашиот партнер ќе знае да цени доколку му дадете неколку комплименти. Особено ќе го поттикнат омплименти за неговата вештина во кревет.

Променете ја рутината: Ако водите љубов само пред спиење тогаш треба нешто да промените. Иницирајте секс во секое време од денот и не се срами да преземе тој чекор, бидејќи сигурно и на вашиот партнер веќе му е здодевно од рутинскиот секс.

Бидете директни: Обидете се директно да му кажете или покажете на партнерот дека сакате секс. Доколку сте јасни во вашата намера, огромни се шансите дека партнерот ќе ја прифати вашата понуда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş