Како да изберете совршен парфем?

popara24 ноември, 20111min00
parfem2

Секој човек има уникатно сетило за мирис, па затоа парфемите секој различно ги доживува. За да разбереме зошто некои мириси ни се привлечни, а некои не, мора да се навратиме во минатото, бидејќи нашиот став кон мирисите се формира уште од раното детство. Оние парфеми кои ни се омилени не потсетуваат на среќните времиња кога сме биле безгрижни. При изборот на парфем, важно е да се обрне внимание на овие фактори:

Мирисите се поделени врз основа на основната мирисна нота која ја содржат. Најчесто се делат на цветни, дрвени и овошни парфеми.

При изборот на парфем, најдобро е да направите листа на парфеми кои сакате да ги купите. Со листата отидете во продавница неколку пати и секој пат мириснете само три парфеми и од нив изберете го оној кој најмногу ви се допаѓа. Така правете се додека не ги мириснете сите парфеми на листата. Потоа, откако сте ги елиминирале мнозинството парфеми, отидете повторно и изберете од вашите фаворити. Ова е потребно бидејќи сетилото за мирис се заситува и по некое време нема да имате способност да ги разликувате мирисите.

Отидете во продавница рано наутро. Тогаш сетилото за мирис е најдобро . Мирисот нанесете го на надворешниот зглоб, бидејќи таму најдобро ќе видите како парфемот ќе мириса на вашата кожа. Внатрешниот зглоб од раката е многу почесто во допир со други предмети, како на пример канцелариското биро.

Изберете парфем според сезоната. Секоја сезона носи различни услови, па со нив се менува и нашата кожа. За летно време изберете свежи цветни парфеми, а оние посилните и поблагите оставете ги за во зима.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag