Како до подобра љубовна хармонија?

popara24 ноември, 20111min00
harmonija

Го сакате вашиот партнер, но сметате дека на вашата врска и недостасува хармонија. Еве неколку совети за тоа како подобро да функционирате во врската и како да поставите рамнотежа во меѓусебниот однос.

Кој е „главниот“: Мора да бидете свесни дека во секоја врска едниот партнер ги „влече конците“, односно е подоминантен во споредба со другиот. Тоа не значи дека другиот партнер е неважен. Напротив, доколку ви се допаѓа кога вашиот партнер превзема иницијатива, оставете го да одлучува бидејќи тоа го прави среќен.

Жените имаат подобро интуиција: Иако звучи како банална фраза, всушност и многу истражвања покажаа дека жените навистина имаат подобра нтуиција од мажите. Тоа е така бидејќи жените сакаат да знаат многу повеќе информации поврзани со партнерот отколку жените. Затоа, ако сте маж, обидете се да и кажувате на вашата партнерка она што таа сака да го знае и бидете искрени. Доколку сте жена, запомнете дека секој човек има своја приватност и дека мажите едноставно некои работи сакаат да ги зачуваат за себе.

Мажите се поактивни од жените: Мажите повеќе сакаат да се инволвирани во нешто и генерално се поактивни од жените. Затоа, ако сте жена обидете се да разберете дека мажите немаат генетска предизпозиција да седат и да гледаат серии, туку да играат фудбал. Дозволете им да се ослободат од вишокот на енергија без да им правите проблеми. Доколку сте маж, знаеме дека фудбалот со другарите е најинтересен, но за да имате хармонија во врската мора да посветувате и повеќе време на партнерката, макар тоа значело и седење дома и слушање на нејзините озборувања.

Одредете го зборот компромис: Секоја двојка има различни сфаќања за зборот компромис. Многу е важно да разчистите уште на почетокот што значи компромисот во вашата врска. Отворете ги картите и договорете се кои се границите на дозволеното однесување, така ќе избегнете многу понатамошни кавги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma