Како да ја победите монотонијата по одморите

popara9 август, 20111min00
TAR1070

Што не е во ред со вас? Само што сте се вратиле од совршен одмор и треба да се чувствувате среќни и исполнети, нели?

Наместо тоа, тажени сте, мрзеливи и се ви изгледате лошо. Најверојатно сте закачиле “послепатничка депресија”, но не панчете. Искусните патници научиле како да ги препознаат симптомите и кои “лекови” да ги употребуваат. Еве некои од најдобрите начини за надминување на оваа состојба.
Сонувајте големи соништа!

Свртете ја послепатничката депресија во претпатничко планирање. Можеби нема да ви биде лесно, но обидете се. Размислувајте за сите убави места “кои допрва треба да се посетите.”
Како што се приближувате на фазата на планирање, ќе се чувствувате позадоволни. Препуштете се на имагинацијата!
Започнете да штедите

Секој патник знае дека дома се враќа целосно шворц. Сите пари се потрошени на патот, а дома те чека отплата на кредит за автомобил или стан, немате можност да се почастите со некоја ситница за малку да го поправите расположението. Затоа, време е да започнете со штедење за вашето следно големо патување.
Иако се работи за неколку стотини денари во касичката секоја недела – ќе имате впечаток дека правите нешто корисно за вашиот следен одмор. На овој начин ќе соберете пристојна сума на пари побрзо отколку што мислите.
Бидете туристи во сопствениот град

Прекрасното нешто во посетата на нови места е тоа што го отварате очите, станувате љубопитни, се изненадувате и ги освежувате сетилата. Меѓутоа, вашиот град може да ви го даде истото чувство, само да ги промените вообичаените рути.
Прошетајте по патеки по кои никогаш не сте оделе, следете ги туристите до места накои никогаш не сте ги посетиле, фотографирајте, зборувајте со странците – експериментирајте. Веќе да не се чувствувате подобро?

Споделете ја својата љубов

Полни сте со страст и знаење за местата кои сте ги посетиле – споделите ги! Но, не со вашите пријатели, бидејќи тие не се веројатно и заинтересирани. Најдите група која е луда за истите работи за кои сте и вие и разговарајте со нив, да дознаете повеќе за дестинациите кои ве воодушевиле.
Создавајте уметност

Направите нешто креативно со вашите спомени. Направете албум со фотографии, музички плејлисти, или напишете патепис, “досадувајте” им на пријателите на старомоден начин, покажувајќи им слајд шоу, но со соодветна музика и грицки кои се јадат на оваа дестинација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag