Трет ден како Англија гори

9 август, 20110
0

Немирите во Англија се проширија и во третиот британскиот град Ливерпул, известува Daily Mail. Полицијата соопштила дека неколку возила биле запалени, но исто така имало и грабежи по околните дуќани. Да потсетиме, безредијата зпочнаa во саботата во Лондон, а потоа се проширија во Бирмингем, каде хулиганите запалиле полициска станица. Полицијата во градот уапсила 87 луѓе, вклучувајќи и шест малолетни лица. BBC објавил дека мали инциденти се случиле во Бристол и Манчестер.

Откако во престрелка со полицијата бил убиен Марк Дуган, голем број на луѓе протестирале надвор пред полициската станица во Тотенхем во Лондон. Мирниот протест се претворил во насилство, каде група на млади луѓе со капи на главите почнале да палат продавници и да кршат се пред себе. Медиумите пишуваат дека во Лондон има запалени автомобили и дека хулиганите се вооружени со стапови и метални цевки, со што ја напаѓаат полицајци и случајните минувачи. Очевидци велат дека градот личел на воена зона, а досега само во Лондон биле уапсени повеќе од 330 луѓе. Меѓу нив имало тројца мажи кои биле приведени под сомнение дека сакале да извршат обид за убиство на полицаец.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го прекинал својот одмор и се вратил од Италија во Лондон, каде ќе претседава со состанокот на Кризниот штаб на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *