Жаклина Кенеди верувала дека Линдон Б. Џонсон го убил ЏФК

9 август, 20110
zaki

Жаклина Кенеди верувала дека Линдон Б. Џонсон и некои тексашки магнати биле вклучени во убиството на нејзиниот сопруг Џон Ф. Кенеди. Тоа би требало да го открие тајната аудио лента која ќе биде објавена во посебно телевизиско шоу на ABC , пишува Daily Mail. Сопругата на претседателот на САД очигледно верувала дека поранешниот потпретседател и неговите соработници го организирале убиството, кое го извршил Ли Харви Освалд.
Разговорите со историчарот Артур М. Шлезингер се снимени неколку месеци по атентатот на претседателот Кенеди. Лентите се чуваат во трезорот на претседателската библиотека Џон Ф. Кенеди во Бостон. Жаклина наредила снимките да се објават дури по 50 години од нејзината смрт, зошто се плашела дека семејството би можело да стане цел на одмазда. Иако таа починала во 1994 година, нејзината ќерка Керолајн Кенеди, и дозволила на телевизиската куќа ABC да ги објави снимките.
По атентатот на претседателот Кенеди, потпредседателот Џонсон го одработил остатокот од мандатот, а потоа победил и на следните избори каде добил уште еден мандат. Жаклина, пак, се оженила со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, и станала позната како Џеки О. Се верува дека на аудио касетите таа говори за љубовна афера на претседателот со 19 годишната службеничка во Белата куќа, но исто така зборувала и за нејзините афери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit