Како да ја задржите шминката на вашето лице во текот на летото

popara4 јуни, 20111min00
make-up-tips-for-bride

Сонцето! Сите го сакаме. Но кога станува збор за шминката, поголемиот број жени сметаат дека тоа е причина број еден поради топењето на пудра, туш, руменило и кармин, во текот на летото. Едноставно, ќе излезете од дома супер нашминкана и веќе во наредниот половина час на вашата кожа скоро како да немало ништо.  Обидете се повторно, значи, летото немора да значи топење на вашата шминка и нејзино исчезнување. Сонцето немора да биде лошо за вашето лице.  Еве неколку совети како да ја задржите шминката на вашето лице во текот на летотот.

Нанесете квалитетна подлога, бидејќи таа се смета за темел на добрата шминка. Таа ќе ви помогне да ја носите шминката цел ден, ќе ги пополни линиите и борите.  Овој производ на вашата кожа и дава чуство на сувост, кое е добро за време на летните денови. Но, во најтоплите денови немојте да нанесувате пудра, туку ставете хидратантна крема.

Наместо обична маскара, на вашите трепки нанесете водоотпорна маскара. Еден слој ќе биде повеќе од доволен за да ги истакнете очите. Шминката на очите нека биде во камена или прав, немојте да нанесувате мрсни сенки за очи.

Наместо моливи за околу очи, почнете да користите течен туш. Размислете и за водоотпорен туш. Или пак ако не сте вешти со тушот за очи, ставете ги вашите моливи за очи во фрижидер пред да ги употребите, на тој начин помала е веројатноста да се растопат.

Исто така, и на усните нанесете малку подлога, течна пудра, пред да ставите кармин. А доколку и карминот мислите дека ви се топи и него ставете го во фрижидер, 10 до 15 минути пред да го нанесете.  Одкако ќе нанесете руменило како финиш на шминкањето, нежно поминете со сува марамица по лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma