Како да ја заштите косата од хлор, сонце и сол?

9 јуни, 20110
Woman in Swimwear, Wetting Hair In Water

Хлор и солена вода, комбинација која може многу да ја оштети вашата кожа во летните денови. Во лето заборавете на желбата да ја оставите косата да ви расте. Честото шишање е неопходно. Покрај тоа треба да обрнете малку повеќе внимание на негата.

Како и кожата, така и косата бара навлажнување и мачкање со креми за да се задржи влагата. Во лето бирајте шампони кои се поблаги. Барајте ја на нив ознаката EDTA. Тоа е состојка која го трга хлорот од косата.

За оние кои се сончаат

Кога одите на плажа не заборавајте да си ја намачкате косата со балсам за заштита од сонце. Топлината од сонцето ќе го забрза дејството на балсамот. Доколку не нанесете некаков лосион или балсам вашата коса многу брзо ќе го загуби сјајот, но и ќе стане сува и лесно кршлива.

Заштитен фактор

Сеуште не постои официјален затитен фактор за вашата коса. Не постои производ кој 100% ќе ја заштити косата. Сепак сега за сега најдобрата заштита е капата.

Користете препарати за коса со силикон

Силиконот го израмнува површинксиот слој на влакното. Таквите производи оставаат невидлива обвивка на влакното, и при миењето косата се одмива лесно без да навлезат во неа хемикалиите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi