0,5 – 1% – аматерско ниво
Ова е повеќе брукање отколу што може да се нарече пијанство. Си испил две пива, те успале само, се жалиш кај стигнеш барем да продолжеше со пиење. На многумина би им било срам на пријавата да им пишува само 0,6 %, на пример.
1 – 2% медиум
Ова ниво е за резервирано полнолетство – почетници во полнолетство.
Двајца се враќаа гушнати:
-Пеат на глас, чувствителни се, тие се центарот на вниманието…
2 – 3% -профи
Ниво карактеристично за свадби и други поважни настани.
Од некаде во ресторанот се појавува ликот за кој зборуваме. Полека му откажуваат моторните функции. Го служи само раката со која и додава илјадарки на пејачката во деколтето. Невестата и малдоженецот се во втор план…а децата го снимаат со телефон за на youtube.
Преку 3,5 – мастер
Стариот татко во 4 часот наутро го будат некои чудни звуци, кои се повторуваат.
Станува уплашено, оди во дневната соба каде го затекнува синот единец како седи на подот покрај својата поврќаница:
Синот: “Па кај си бе г-дин Пропер!!! Те викам пола саат?! Ај, исчисти го ова да не видат старите. Јас отидов да легнам малце нешто сум скиснат!”.