Како да се ослободите од љубомората?

popara8 октомври, 20111min00
14322-9132-ljubav428

Што прави кога не е со мене? Има ли друг? Зошто не се јавува? Овие прашања сигурно си ги поставуваш милион пати, кога (он)она не е со тебе. Како да се ослободиш од љубомората или барем да пробаш да го тргнеш тоа незгодно чувство кое непрестано те следи кога е во прашање таа, Попара ти нуди неколку совети до кои секој би требало да се придржува.

1. САМОДОВЕРБА

Верувале или не, самодовербата клуч на се, па така и клуч за решавањето на незгодното чувство – љубомора. Сигурно често не се чувствуваш вреден за љубовта и си мислиш како твојата девојка би можела брзо да пронајде некој подобар, позгоден, попаметен и поинтересен. Од тие мисли мораш одма да се ослободиш, затоа што твојата девојка сигурно не би била во врска со тебе ако ти не си баш таков – згоден, паметен, добар и вреден за љубовта.

Девојките сакаат самоуверени машки кои во ниеден момент нема да се посомневаат дека девојката би можела да има друг дечко. Секако дека дечко со премногу самодоверба може да остави впечаток на дигнат мангуп, па затоа внимавај како ги презентираш своите квалитети. Најдобар начин е сам да ја вежбаш својата самодоверба, на пример, кога се радуваш на своите успеси, горд си на своите способности, кога ќе станеш колку си посебен.

2. ОБЈЕКТИВНОСТ

Многу е важно секогаш да бидеш објективен. Секако, ако твојата девојка неколку дена не се јавува, не одговара на твоите пораки и повици, веројатно станува збор за прекин без изговор. Сепак, остани објективен и присебен и почекај некое време, таа сигурно ќе се јави. Причината за нејавувањето не мора секогаш да биде прекин, а и да е, ќе знаеш на што си.

Но, од друга страна, кога твојата девојка е со пријателките во диско, на кафе или на одмор, и кога почнуваат да те мачат чудни мисли – сигурно е со друг, други дечки сигурно и се додворуваат, она ме изневерува итн., тогаш застани за момент, собери се и запрашај се каква е она навистина, колкава е можноста да те изневери, те сака ли, сети се на моментите кои ги поминавте заедно, убавите зборови, и разменетите бакнежи и се ќе ти биде јасно.

Најважно во моментот од нападот на љубомора е да се остане присебен и објективен, затоа што љубомората го доведува човекот до заклучоци кои на твојата девојка никогаш не и би паднале на памет, а не навистина и такво нешто да направи.

3. КОНТРОЛИРАЊЕ – ЗАБРАНЕТО

Љубомората ги наведува психички здравите личности на секакви непромислени одлуки. Една од најчестите и најлошите одлуки е контролирањето на саканата личност. Се започнува со читањето на нејзините СМС пораки, проверување на нејзините телефонски повици, чести прашања каде и со кој е, кога се вратила дома, а на крајот може да донесе и до следење или „шпиунирање.” Таквите работи се крајно неопростливи и дефинитивно се знак на недостаток од самодоверба, и се осудуваме да кажеме дека контролирањето од овој тип не е карактеристика на психички здрави личности.

Затоа, добро размисли пред да се впуштиш во контролирањето на својата девојка, дали имаш доволно материјали и докази, и дали се сите твои сомнежи оправдани. Доколку се твоите сомнежи оправдани, постои само едно решение – разговор со саканата личност! Таа сигурно ќе ти ја каже вистината, ако се однесуваш фер и ако ги изнесеш сите свои сомнежи со смирен и сталожен тон и пристап.

4. ИГРИ – ЗАБРАНЕТО

Одењето на некоја забава, на која е и твојата девојка за да ја провериш „ситуацијата,” а ти не си поканет и договорот е она да оди сама – никако не е добра одлука. Ако и по тоа неочекувано доаѓање почнеш да разговораш со останатите девојки, за да ја направиш својата девојка љубоморна, прекин или некоја поголема расправија секако ти се загарантирани. Никогаш не играј игри кои би можеле да ја донесат твојата врска до раскинување.

5. „ШТО ЌЕ БЕШЕ, АКО БЕШЕ”

„Што ако она е сега со некој друг, позгоден, поразвиен, поинтересен… и што ако таа сега се заљуби во него, и тој се одлучи да ја бакне… што ќе правам јас…!”

Вакви и слични примери на измислување работи кои не се случуваат може само да донесат до лудило и нималку не се одраз на зрелост. Многу е детски да се замараш со вакви и слични мисли кои немаат врска со вистинските случувања. Препорачуваме да си најдеш ново хоби, отиди на кафе со пријателите, гледај добар филм или натпревар, или учи. Постојат многу работи со кои можеш да си ги отргнеш мислите за да не се мачиш ниту себеси, ниту саканата личност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag