Соларен мост – супер, интересна идеја

popara8 октомври, 20111min00
0

Мостовите постојано се изложени на најразлични елементарни природни фактори. Нивната висина, местоположба доведува до нивна постојана изложеност на сонце и ветрови, а тоа ги прави идеални колектори на обновливи извори на енергија.

Во Италија се случи натпреварување на концепти за создавање на обновливи извори на енергија. Биле преставени најразлични прототипи на објекти кои би ја искористувале енергијата од природата за создавање на електрична енергија.

На натпреварот првата награда ја добиле Francesco Colarossi, Giovanna Saracino и Luisa Saracino кои го претставиле својот концепт на мост наречен Solar Wind.

Според концептот Solar Wind би требало да има вградени соларни панели и 26 турбини под автопатот кои би го искористиле циркулацијата на ветерот под мостот. Соларните ќелии би можеле да произведат 11,2 милиони киловат часови енергија годишно, додека пак 26 турбини би произведувале над 36 милиони киловат часови годишно кои би биле повеќе од доволни за 15000 домаќинства.

Интересна идеја и концепт кој заслужува вистински честитки… нели !!!!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag