Како да се заштитите од настинки??? Сигурно не со ноќни забави во дискотеки :)))

31 октомври, 20110
nastinka

Сигурно се прашувате како некои луѓе постојано се настинати, се разболуваат и имаат температури, додека некои воопшто не знаат што е тоа настинка. Нивната тајна е во силниот имунитет. Еве неколку совети кои дефинитивно ќе ви помогнат да го зајакнете имунолошкиот систем и да ја подобри заштитата од настинки и вируси кои се како „чума“ во овој период од годината.

Чист воздух: Есента е време кога сите сакаат да останат дома, каде што им е топло и пријатно, наместо надвор каде што е студено. Меѓутоа, проблемот со останувањето внатре е во тоа што сте во затворена просторија и постојан контакт со други луѓе (и нивните вируси и бактерии). Со кратка есенска прошетка не само што барем привремено ќе се одлободите од сите микроби кои циркулираат во затворен простор, туку и ќе го зајакнете имунитетот и ќе вдишете чист воздух.

Опуштање и одмор: Постојат милион причини зошто треба да се одморите доколку вашето здравје е ваш приоритет. Стресот ја зголемува чувствителноста на ладно, особено затоа што стресните ситуации доведуваат до ослободување на стрес хормони, како на пример глукокортикоиди. Тие се мешаат со способноста на телото да произведува молекули наречени цитокини, кои го активираат вашиот имунолошки систем.

Чисти раце: Настинките и грипот најлесно се шират преку допир. Чувајте ги вашите рацете подалеку од очите, носот и устата, и мие ги што е можно почесто. Сапунот и водата се најефективни борци во спречување на грип и настинки. По миење на рацете, добро избришете ги. Експертите велат дека бактериите се шири многу полесно на влажни раце, отколку на суви.

Магијата на сонот: Повремени непроспиени ноќи не се нешто што треба да ве загрижува, но постојаниот недостаток на сон може да биде опасен за вашето здравје. Недостатокот на сон може да ја наруши нормалната функција на имунолошкиот систем. Последните истражувања покажаа дека спиењето помалку од 7 часа дневно тројно ја зголемува шансата да се разболите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma