Како да уживате во ужината ?

popara30 август, 20111min00
uzina

Изберете слатки завиткани во хартија

Ако не можете да си помогнете и морате повремено да уживате во грицките,без разлика дали се слатки и солени, стручњаците имаат препорака: одберете слатки завиткани во хартија. На тој начин ќе го намалите внесувањето на калории за 40%.

Истражувачите од Универзитетот  Illinois, поделиле ф’стаци на 140 студенти пред почнуањето на предавањето. На половина од испитаниците им се дадени ф’стаци неисчистени, додека на другата половина исчистени. На крајот од предавањето, испитаниците кои ги јаделе исчистените ф’стаци имаат внесено просечно 211 калории. Од друга страна оние кои ги добиле неисчистените ф’стаци просечно конзумирале 125 калории-што е 41% помалку во однос на другата група на испитаници.

Самиот чин на чистење на ф’стаците го успорува грицкањето на испитаниците, а излупените лушпи ги потсетуваат колку имаат изедено. Тука се јавува чуство на вина.

Овој психолошки ефект би можело да ви помогне во одржување на апетитот во контрола, барем кога грицкањето е во прашање.

Ако сакате да го намалите холестеролот заштитете се од срцеви болести и спречете го ракот, секојдневно конзумирајте ф’стаци. Овие плодови се преполни со антиоксиданти и ги штитат клетките на телото од штетни супстанци, наречени слободни радикали. За разлика од другите ореви, ф’стаците содржат поголема количина на дијабетски антиоксиданти лутеин, бета каротин и гама токоферол.

Бетакаротин се претвора во витамин А, кој го спречува ракот. Гама-токоферол е честа форма на витамин Е кој штити од срцеви болести. Лутеин е главната состојка во темно зелен лиснат зеленчук, а важен е за видот и здравата кожа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma