Природен рај – Ха Лонг Беј, Виетнам

popara30 август, 20112min00
Halong-Bay

Ха Лонг Беј ви ги нуди најспектакуларните панорами и пејзажи што Виетнам ги крие во своите пазуви. Во склоп на панорамата можете да уживате и во варовните карпести формации во вид на лакови и џиновски плеќи, во бисернобистрата вода, потоа во виртуелно недостапните лагуни, острите стени, мирните заливи, таинствените пештери, изолираните пространства од ситен, бел песок и илјадниците островчиња од варовник. Овие островчиња имаат и доста интересни и инвентивни имиња како на пример: Островот Жаба, Островот Фаца, Островот на Чудата, Островот на Изненадувањата и сл.

Кинески тип на бродови пловат близу до брегот обоен од бројните сиви патки кои тука живеат и вешто ги заобиколуваат тесните премини и островчиња, кои се густо населени со вегетација. Фарми за бисерни школки се настискани во тесните каналчиња помеѓу надвиснатите варовни стени над водата. Бројни примитивни бротчиња се распрскани низ водата меѓу карпите како запуштена пајакова мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma