Најголемиот европски фестивал на улична уметност одржан во Бристол собра неколку од познатите светски графит-уметници кои преобразија дел од градот.
Некои од најпознатите графит-уметници се собраа во Бристол, градот во кој израсна уличниот уметник Бенкси. Во склоп на проектот под наслов Си ноу Евил графит-уметниците ги украсија монотоните фасади на зградите на улицата Нелсон. Фестивалот инспирира сличен проект одржан во Мелбурн кој собра повеќе од 400.000 посетители. Градските власти се надеваат дека и во нивниот град ке се случи нешто слично.
Пред две години во Бристол се одржа изложба на Бенкси која на градскиот буџет му донесе околу 15 милјони фунти, што се чини дека битно влијаело на проблематичните графит-уметници.
Уличната изложба ја разгледаа илјадници посетители.