Како Јапонија го поддржува туризмот?! :) Оригинално :)

12 октомври, 20110
japan_432533S1

Одсекогаш сте сакале да ја посетите Јапонија? Сега, вашиот сон лесно може да се оствари!

Јапонците делат 10.000 бесплатни авионски карти!

Ако се регистрирате на страницата на јапонската тиристичка заедница, можете да добиете една од 10.000 бесплатни авионски карти до вашата омилена дестинација. Но, сепак треба и малку да се потрудите за да го добиете овој подарок. Меѓу останатото, треба на вашиот блог, профил или било какво друго социјално вмрежување да објавите статија за посетата во оваа неверојатна земја.

Бројот на странски туристи во оваа земја драстично опаднал по цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима. Според податоците, во првите три месеци по катастрофата која се случи на 11 март, бројот на странски туристи се намалил за половина.

Туристичката агенција ќе отвори страница каде ќе се прифаќаат апликациите за бесплатни летови. Потенцијалните посетители ќе мора детално да го опишат планот на патувањето и да објаснат на што се надеваат за време на оваа посета. Сместувањето и храната ќе мораат туристите сами  да си го платат. Исто така, по враќањето од патувањето ќе мора да напишат статија за своето патување.

„Се надеваме дека така нашите гости ќе ги прошират убавите зборови за нашата земја, како сигурна и интересна за посета“, изјавил Казујоши Сато, претставник на агенцијата.

Агенцијата од владата побарала милијарда јени за финансирање на овој проект. Доколку парламентот тоа го одобри, апликациите ќе треба да почнат да се испраќаат во април сладната година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi