Како најлесно да се смирите?

10 јуни, 20110
lavender

Доколку се чувствувате вознемирено, анксиозно… треба само да знаете дека има многу едноставни начини за да го змените тоа чувство. Овие едноставни работи за многу кратко време ќе ви го вратат доброто расположение.

Јадете манго. Мирисот на мангото смирува. Кога го јадете не само што уживате во неговиот прекрасен вкус, туку и внесувате огромна количина на витамини и минерали кои значително ќе го поткренат вашето расположение.

Излезете на воздух. Понегогаш задушливите простории можат да бидат причина за лошо расположение. Кога ќе почувствувате дека во просторијата во која седите нема доволно кислород, отворете ги прозорците, а вие за тоа време излезете надвор и дишете полека и длабоко.

Мирисајте лаванда. Мирисот на лаванда смирува. Доколку не сте во можност секогаш да имате покрај себе букет од лаванда, тогаш купете си есенцијално масло со мирис на лаванда. Во моментите на лошо расположение само помирисајте.

Слушајте позитивна и весела музика. Во моментите кога не сте во добро расположение музиката може многу да ви помогне. Само изберете музика која има весела и позитивна енергија.

Одете на трчање. Можеби ви изгледа неверојатно да станете и да трчате кога сте во лошо расположение, но тоа е всушност најтешкиот момент. Само треба да се натерате. Кога ќе започнете веднаш ќе осетите дека чистиот воздух и активноста ви го подига расположението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi